ЗАЧЕКОРИ ВО СВЕТОТ НА МОДАТА!ТВОИТЕ БРЕНДОВИ. ТВОЈ СТИЛ.
AUREN / ТУКА СМЕ ЗА ТЕБЕ

Водич за величини

Избери ја величината што најдобро ти одговара. Измери се со кројачко метро и спореди со парче облека што веќе ти стои добро.

Величини во нашата понуда

Облека Величини Што да измериш
Маици S, M, L, XL Гради, ширина и должина на маицата
Фармерки 42, 44, 46, 48, 50 Струк, колкови и должина на ногавицата

Точната достапност ја гледаш кај секој производ. Броевите 42–50 се ознаки за величина, а не обем во сантиметри.

Како да се измериш

  1. Гради: измери околу најширокиот дел на градите. Држи го метрото рамно преку грбот, без да го затегнуваш.
  2. Струк: измери околу природната линија на струкот додека стоиш опуштено.
  3. Колкови: измери околу најширокиот дел на колковите.

Спореди со облека што ти стои добро

За маица: постави ја на рамна површина, без растегнување. Измери ја ширината од пазува до пазува и должината од највисоката точка на рамото до долниот раб.

За фармерки: закопчај ги и постави ги рамно. Измери го појасот од едниот до другиот крај. За внатрешната должина на ногавицата, мери од спојот меѓу нозете до долниот раб, по внатрешниот шев.

Мерките на облеката и обемот на телото не се исто. Кројот и еластичноста влијаат на тоа како ќе ти стои производот, па иста ознака за величина може да има различни мерки кај различни модели.

Ти треба помош со изборот?

Пиши ни со линкот на производот и твоите мерки во сантиметри. Побарај ги точните мерки на конкретното парче пред да нарачаш, особено ако се двоумиш меѓу две величини.

Што бараш денес?

Внеси име на производ или бренд.

Твојата кошничка

Твоето следно омилено парче те чека.

Кошничката е празна.

Разгледај ја понудата

Омилени производи

Погледни одблиску